Претседателот на Уругвај, Хосе Мухика, повторно ја воодушеви светската јавност. Фотографиран е како трпеливо чека ред за лекарски преглед во преполна чекалница на една државна болница.
Кај него, очигледно, не важи правилото дека шефот на државата треба да има посебен третман или врски за преку ред. Ваквото однесување не е изненадување за неговите сонародници. 79-годишниот Хосе Мухика, кој е познат како најсиромашниот претседател на светот, води најобичен и скромен живот.
Вози стара „буба“ и често знае да засука ракави и да им помага на соседите во домаќински работи. За да им помогне на граѓаните и на економијата, тој се откажал од 90 отсто од платата и за себе зема само 10 отсто.
Од 12.500 долари, зема само 1.250 долари. Вели дека толку му се доволни за животни трошоци. Неговата жена е сенатор и таа, исто како и него, дава дел од својата плата.
Живеат на село, во скромна куќа и одгледуваат животни. Одбиваат да живеат во претседателската палата.
Освен што не живее таму, тој една зима наредил палата која изобилува со раскош да им се отвори на бездомниците, кои немаат каде да презимат, како би го преживеале екстремниот студ таа година.
Претседателот нема банкарска сметка, нема заштеди, но нема ниту долгови. Тој е вистински пример за своите сонародници и ја ужива нивната почит. Уругвај важи за земја со најмала стапка на корупција во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


