| четврток, 6 декември 2018 |

Торнадо збриша село во Србија, превртуваше автомобили и шлепер (видео)

sopic1

 

Невреме какво што не се памети го погоди синоќа селото Шопиќ кај српско Лазаревац. За само три минути торнадото однело покриви од стотина куќи во ова место, пишува српски „Ало“.

Силното невреме, буквално, ги збришало покривите од домовите, а РТС јавува дека сериозно е оштетена и црквата. Од силното невреме биле превртувани и автомобили, па дури и една цистерна.

sopic 2

Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер ги погоди местата Лазаревац, Топола, Аранџеловац, Шабац, Богатиќ, Коцељева и Белград.

Еве како изгледаше Лазаревац пред невремето:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top