| четврток, 6 декември 2018 |

Влада: Нови бенефити за младите, студентите и пензионерите

На денешната владина седница беше донесена и одлука за започнување на реализација на проектот Слободен четврток, со која се предвидува слободни влезници за студентите во сите културни државни институции за следење на кино, театар, изложби, концерти, опера и балет, како и слободен превоз на жичарницата до Милениумскиот крст

Nova vlada 04 (Custom)

На денешната владина седница беа донесени низа мерки за младата популација, студентите и пензионерите

Со првата мерка се предвидува дополнување на проектот „Купи куќа, купи стан“, односно намалување на каматната стапка од 4,99 процнети на 3,95 проценти за првите три години и од 5,5 проценти на 4,44 проценти за четвртата и петтата година.

-Со намалување на каматната стапка, сите кои ќе се одлучат да го искористат проектот во првите три години ќе заштедат за околу 1.800 евра за кредит до 50.000 евра или за сите оние кои ќе земат кредит за купување на куќа или стан заштедата ќе изнесува од 2 до 3 илјади евра, изјави Груевски, кој додаде дека трошоците од намалената каматна стапка ќе се исплаќаат од буџетот на Република Македонија.

Ќе се зголеми и прагот на месечната рата за овој проект од 900 на 1.300 евра за брачни заедници, а досегашниот праг од максимум 900 евра месечна рата ќе остане за сите оние кои не се во брачна заедница.

На денешната владина седница беше донесена и одлука за започнување на реализација на проектот Слободен четврток, со која се предвидува слободни влезници за студентите во сите културни државни институции за следење на кино, театар, изложби, концерти, опера и балет, како и слободен превоз на жичарницата до Милениумскиот крст.

Третата мерка која денеска беше усвоена на владината седница е бесплатен железнички превоз или попуст за користење на истиот.

-Целта на оваа мерка е поголема мобилност и зголемување на искористеноста на железничкиот сообраќај, истакна Груевски, кој појасни дека мерката предвидува бесплатен превоз за повозрасните лица, всушност жени над 62 години и мажи над 64 години, еднаш месечно, односно секој втор викенд од месецот.

Младите до 27 години ќе можат да користат  бесплатен железнички превоз во третиот викенд од месецот, а со оваа мерка се предвидува и попуст од 50 проценти за карта за железнички превоз за учениците и студентите, како и бесплатно патување секој четврток за студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top