1. Не го заборавајте кондомот! – Знаеме дека во тие моменти на страст и лудило спремни сте да ги искинете парталите од вас и да им се препуштите на страстите и дивиот секс, но и тогаш сигурноста треба да ви биде на прво место. Освен доколку не пиете апчиња за контрацепција или сакате дете, никако не го заборавајте кондомот.
2. Немојте да глумите оргазам! – Потполно е нормално дека на жените им е потребно повеќе време да доживеат оргазам па доколку при сексот на брзина не дојде до тоа, нема причина да се фрустрирате ниту пак да го глумите. Едноставно уживајте во сексот додека трае.
3. Никако секс пред други луѓе! – Колку и да се “напалени” или колку и да ве доведува до лудило вашиот партнер со својот изглед, мирис, однесување никогаш, ама баш никогаш немојте да имате секс пред други луѓе. Најдте некое скриено место бидејќи не сакате да завршите како атракција на Јутјуб.
4. Намелете го тонот! – Доколку веќе се одлучивте да имате секс на некое јавно место тогаш барем обидете се да бидете колку што можете подискретни. Со прегласното искажување “емоции” ќе привлечете несакано внимание, а тоа е нешто што најмалку ви треба при секс на јавно место.
5. Доколку ве фатат, немојте да бегате! – Доколку ве забележат или ви упаднат, немојте да започнете да трчате во круг или да бегате како лудаци. Да, ситуацијата е непријатна но барем наредниот пат ќе бидете повнимателни.
6. Не губете време на предигра! – Токму тоа и е поентата на сексот на брзина! Да ве понесат емоциите и да не можете да се воздржите па веднаш да преминете на чинот.
7. Водете сметка за хигиената! – Се мисли на местото на кое имате секс. Секако, нема секогаш да имате прилика за секс во сопствениот чист кревет, но немојте да си дозволите да се впуштите во сексуални односи во одвратни складишта или магацини, тоалети и слични места. Ќе зажалите!
8. Слободно покажете иницијатива! – Зошто да не сте токму вие тој што прв ќе иницира секс на брзина? Верувајте, вашиот партнер нема да се буни.
9. Задолжително проверете си го изгледот по сексот! – Особено доколку сте на некое јавно место. Не сакате да се вратите во просторијата разбушавени и јасно да им испратите порака на сите присутни за тоа до кај сте биле до сега и зошто ве немало. Само еден поглед во огледало може да ви го спаси достоинството.
10. Не плашете се од експериментирање! – Сексот на брзина е идеална прилика да испробате некои нови пози.
Извор: cosmopolitan.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


