
Смеењето е заразно. Кога еден ќе почне да се смее, позитивната вибрација и доброто расположение преоѓа на другите. Освен тоа, здраво е. Истражувањето покажало дека смеењето е еден од најстарите облици на комуникација, а може да биде добро за срцето – и метафорички и физички.
Една студија која во 2005 година ја спровел доктор Мајкл Милер, шефот на одделот за превенција на срцеви болести на Универзитетот Мериленд, утврдила дека смеењето е спој од повеќе биолошки работи.
– Крајната цел на нашето истражување е дека поради смеењето се чувстуваме подобро, но има и директно влијание на нашите крвни садови кои ја контролираат веројатноста за срцев или мозочен удар. Значи, ако нашите крвни садови се здрави, тогаш и ние ќе бидеме здрави – изјави Милер.
Едно истражување кое било направено на Универзитетот Лома Линда покажува дека е добро да се смееме од стомак за намалување на стресот и подобрување на меморијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


