Суданката Меријан Ибрахим, која била ослободена од смртна казна, сега е обвинета за фалсификување официјални документи за да може да ја напушти земјата, изјавил за „Би-Би-Си“ нејзиниот адвокат.
Вчера суданските власти повторно ја уапсиле Меријан Ибрахим, откако неколку часа претходно ја ослободиле од смртна казна, исто како и нејзиниот сопруг и двете деца кога семејството се обидело да влезе во авион во Картум.
Властите не сакале да го коментираат апсењето.
Суданката минатиот месец била осудена на смртна казна бидејќи се одрекла од исламот и преминала во христијанство и не сакала да се одрече од христијанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.