| четврток, 6 декември 2018 |

Државен завод за статистика: Лани починале 237 доенчиња

bebe-u-porodili--tu

Намален е бројот на починати лица во Македонија за 4,6 отсто во однос на 2012 година. Минатата година починале 19.208 лица, што е за 4,6 отсто помалку од 2012 година, според Државниот завод за статистика во 2013 година.

Поголем број од починатите се мажи и тоа 10.136 или 52,8 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 237, а нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1,2 отсто.
Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 69,9 години, односно 74,2 години кај лицата од женски пол или за 4,3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во претходната година, најмногу или 57,8 отсто причина за смртта биле болести на циркулаторниот систем, 19 отсто се неоплазми, 4,4 отсто се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а 3,5 проценти се респираторниот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top