| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската филхармонија првпат гостува во Дебар

20120116-mak-filharmonija

Македонската филхармонија првпат вечерва ќе гостува во Дебар, а концертот ќе се одржи во 20 часот, во Центарот за култура. По подолга пауза, македонската филхармонија ќе гостува во Струга.

Настапите се во рамки на востановената практика на Филхармонијата, по завршувањето на концертната сезона да одржува концерти низ градовите во Македонија.

Под водство на диригентот  Борјан Цанев, оркестарот ќе изведе дела од Дворжак, Брамс, Маскањи, Офенбах…

Планирано е и гостување во Валандово, а потоа следуваат настапите на Филхармонијата на фестивалот „Охридско лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top