Повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел весникот наведува дека се прават обиди за влијание врз Германија, која како што се тврди е главна пречка за тоа на Србија да и се додели датум за отварање на преговори за приклучување во ЕУ, односно на состанокот на Европскиот совет на 28 јуни оваа година да и се одреди датум.
Доколку тоа се случи ќе биде само два дена пред очекуваното формално стапување на Хрватска во полноправно членство во ЕУ, наведува весникот и додава дека во Унијата веќе долго време постојат идеи дека „кога нешто ќе се случи со Хрватска, нешто треба да се случи и со Србија“.
– Хрватска ја искористи оваа можност, а Србије не, пишува „Јутарњи лист“ и додава дека поради тоа сега многумина во ЕУ сметаат дека за процесот на проширување би било идеално кога на Србија на самитот во јуни би и се одредил датум, а Хрватска би влегла во Унијата два дена потоа.
Весникот укажува дека зад таа идеја не е стравот дека Хрватска би можела да го блокира доделувањето на Србија на статус на кандидат, туку само создавање на добра клима за продолжување на проширувањето со што е можно повеќе успешни одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.