| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја откачите како МАЖ

Таа е една од најлошите ситуации во кои може да се најдете и од кои ви се превртува во стомакот. Повеќето мажи тоа го прават со исто толку пристојност како камшикување на возрасна калуѓерка со сопствената бројаница. Можеме да го направиме тоа подобро, советува најпознатиот магазин за мажи во светот „GQ“.

Ова се нивните совети за како е најдобро да и раскинете на девојката:

  • Заборавете на зачувување на вашиот статус како најслаткиот дечко на планетата. Не и ја одземајте можноста да ве мрази до корен.
  •  Избегнувајте ги оние патетични фрази од типот дека не е до неа, туку до вас, или уште полошо, дека таа е „предобра“ за вас. Патронизирањето е исто толку срамно како да и раскинете со порака. И никогаш, никогаш не го издолжувајте говорот, до тој степен што таа на крај прва ќе ја прекине врската, уште полута што бевте премногу пасивни и исплашени да го направите вие тоа.
  • Направете чист раскин. Тоа значи без премислување или секс (освен ако и неа и олеснало што сте раскинале, во тој случај може еден брзински за прослава)
  • Не заборавајте, таа може да е посреќна за раскинот од вас.
  • На Џон Ф.Кенеди Џуниор, му препорачале да испраќа букет цвеќе на жените со кои раскинува. И додека ние не можеме целосно да го поддржиме или, пак, осудиме ова, сепак, ќе го препорачаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top