| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ смета дека политичкиот дијалог во Македонија ќе им биде од корист на граѓаните

Maja
Европската унија денеска го поздрави дијалогот што по иницијатива на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, почнува со лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, со цел надминување на политичките недоразбирања во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, денеска истакна дека дијалогот на власта и опозицијата во нашата земја би бил само од корист на граѓаните, но и во насока на решавање на реформските приоритети на ЕУ.
– Ефективните напори за надминување на сегашниот ќор-сокак и подобрувањето на политичкиот дијалог ќе биде од корист на граѓаните. Ова, исто така, е важно и во однос на решавањето на клучните реформски приоритети на Унијата – посочи Коцијанчич во изјава за МИА.
Од Комисијата денеска, исто така, потврдија дека посредникот на ЕУ во преговорите меѓу власта и опозицијата, Питер Ванхуте, е ангажиран од страна на делегацијата на ЕУ во Скопје, а не од комесарот за проширување Штефан Филе, ниту од ЕК. Според официјален Брисел, Ванхуте бил ангажиран и за надминување на разликите за спроведување на препораките од политичкиот договор од 1 март 2013 година и делегацијата на ЕУ го вклучила повторно за посредник во новите преговори, со оглед на тоа што истиот е упатен во односите власт-опозиција во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top