Претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски денеска се сретне со регионалниот директор на Светска банка за Југоисточна Европа, Елен Голдстејн.
Соговорниците на средбата се осврнаа на одбележувањето на 20 години од соработката и воспоставувањето на активен однос со Светската банка, при што од двете страни беше констатирано позитивното искуство и плодотворноста која се согледува во проектите кои се реализираат.
Премиерот Груевски се заблагодари за досегашната поддршка и посочи дека во Светската банка гледаат добар партнер со кого во последните осум години се работи на исполнување на крупни проекти од различни сфери кои се во функција на напредокот на економијата и унапредувањето на економските односи.
Премиерот Груевски заедно со неговата соговорничка се осврнаа и на изработката на новата стратегија на Светска банка, како и можноста за реализација на повеќе проекти кои би биле дел од оваа стратегија, за кои Владата е заинтересирана и работи за нивно остварување.
Премиерот Груевски истакна дека Владата на е фокусирана кон реализација на значајни инфраструктурни проекти кои ќе го стимулираат развојот на економијата и ќе обезбедат дополнителен број на вработувања. Во
таа насока се и проектот за реализација на новите автопатишта, изградба на железничката пруга кон Бугарија, процесот на гасификација на Република Македонија и други.
Соговорниците се осврнаа и на повеќе други проекти од сферата на енергетиката, земјоделието и инвестирањето во системите за наводнување и изградбата на регионални патишта.
На средбата се разговараше и за остварувањето на економскиот раст, како и напорите кои ги прави Владата за да го помогне истиот, и да се одржи на високо ниво со цел да биде во функција на економскиот напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.
Голдстејн изрази задоволство од постигнатото во изминатиот период, како и тоа дека Македонија се покажа како активен партнер во реализацијата на повеќе проекти.
Соговорниците изразија надеж за продолжување на одличната соработка, и низ партнерски однос да се работи на реализацијата на проекти кои ќе бидат од интерес за граѓаните и стимулирање на економскиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии