
Последните години има сѐ повеќе истражувања кои укажуваат на негативнитте страни на необврзниот секс. Но, најновите истражувања покажуваат дека овој вид секс всушност може позитивно да делува на луѓето, но само на оние кои се свесни што точно значи необврзен секс.
Најновите истражувања покажуваат дека не секој необрзан секс е лош. Оние кои немаат ништо против него, таквите активности може да им го зголемат животното задоволство, самодовербата и да ја намалат анксиозноста.
Според истражувањата, необрзниот секс е почест кај младата популација. Тие кои го практицираат изјавуваат дека подобро се чувстуваат по таквите средби. Велат дека имаат поголема самодоверба и ретко се лошо расположени.
Луѓето кои емотивно се врзуваат и кои се многу чувствителни, може да имаат лоши последици поради необврзниот секс.
– Луѓето се различни и нивните искуства со необрзниот секс се различни. За некого може да биде подобрување на квалитетот на животот – вели д-р Жана Врангалова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


