
Синот на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова, Ук Ругова кој е обвинет за повеќе кривични дела, денеска му е одреден едномесечен притвор. Специјалното обвинителство на Косово го товари Ук Ругова за поврзаност со организирниот криминал, за измами, за шверц на мигранти и за злоупотреба на службена положба и овластувања.
Судија од Основниот суд во Приштина му одреди мерка притовор на Ругова, бидејќи „постои голем ризик осомничениот да побегне од државата и ризик за заплашување на сведоците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


