| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ се заканува со нови санкции кон Русија

Неколкумина министри за надворешни работи на земји-членки на ЕУ денеска се заканија со воведување нови санкции кон Русија, доколку Москва не го поддржи украинскиот мировен план и не го запре преминувањето на вооружени лици од нејзина териториа во Украина.

– Русија води пропагандна војна со сета жестина и нема показатели дека ја затворила гранциата – изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт.

Тој нагласи дека „вооружени лица, па дури и тенкови“ и натаму ја минуваат границата од Русија кон источна Украина.

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг пак изјави дека ако биде потребно, ЕУ би можла да воведе нови санкции кон Русија на заседанието на Европскиот совет закажано за в петок.

– Очекуваме Русија да преземе реални акции за да го запре протокот на оружје преку границата кон источна Украина и да ги натара илегалните вооружени групи да престанат со тоа што го прават сега – рече Хејг.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ утре во Луксембург ќе се сретнат со новиот шеф на украинската диполматија Павло Климкин, кој се очекува да ги запознае со деталите на мировниот план на претседатлот на Украина, Петро Порошенко.

ЕУ досега воведе забрани за изадавање визи и замрзнување на активи на официјални руски претставници, обвинети за поттикнување на кризата во Украина, но се воздржува од посторги економски санкции кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top