| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една жртва од поплавите во Варна

Bulgaria floods

Спасувачките екипи денеска во деловите на бугарскиот приморски град Варна, кој минатата недела ги зафатија поплави, пронајдоа тело на едно удавено дете, јави БТА.

Со тоа бројот на жртвите од поплавите во Варна се искачи на 12 лица.

Безживотното тело на детето било пронајдено во населбата Аспаругово во Варна, која беше најтешко погодена од поплавите предизвикани од поројните дождови што во четвртокот ја зафатија североисточна Бугарија.

Бугарската полиција соопшти дека засега не е познато дали откриеното тело му припаѓа на едно од двете деца кои се водат како исчезнати при поплавите или, пак, станува збор за сосема нова жртва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top