Судир меѓу камион и автомобил го попречи сообраќајот на „Водњанска“. Во сообраќајната несреќа, која пред речиси половина час се случи пред скопскиот ресторан „Галија“, учествуваа товарно возило камион и автомобил од марката „пежо 206“.
Според информациите, возачот на автомобилот не е повреден, а на самото место учесниците во несреќата чекаат полиција за да изврши увид.
Сообраќајот се одвива отежнато, а целиот дел околу ресторанот „Галија“ е блокиран.
Фото: Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


