Европската унија ја прошири „црната листа“ на Сиријци, на кои им се замрзнати банкарските сметки и им е забрането патување во земјите-членки на ЕУ.
На листата се ставени членови на сириската Влада, кои се обвинети дека имаат „одговорност за сериозни кршења на човековите права“.
Одлуката е донесена на министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Луксембург. Имињата на 12-те министри ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ утре, кога санкциите против нив ќе стапат во сила.
Вкупниот број на Сиријци кои се под санкции од ЕУ се искачи на 191 луѓе, 53 фирми и организации, меѓу кои и Централната банка на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



