| четврток, 6 декември 2018 |

Сараево под вода

sarajevoОбилните дождови што вчера и минатата ноќ наврнаа во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, предизвикаа поплави во неколку сараевски населби.

Противпожарното друштво информира дека нивото на водата во попавените населби Осијек, Доглоди и Азиќи престанало да расне, но засега неможе да се даде никави проценки за натамошниот развој на настаните околу полавите, бидејќи тоа ќе зависи од временските прилики, односно од интензитетот на врнежите во наредните денови, како и од брзината на топењето на снегот на околните планини.

Синоќа на жителите на поплавените населби им била понудена помош за евакуација, но дека никој од нив не сакал да го напушти својот дом. Сепак се барало помош за пренесување на работите на повисоките катови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top