На подрачјето на Град Скопје во вторник и среда оваа недела ќе се изврши втората авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Прскањето ќе биде во периодот од 5 до 11 часот, а ќе ги опфати сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Градот Скопје апелира пчеларите навремео да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.