Кинеските власти изминатиот месец во регионот Синџијан, во западниот дел од државата, приведоа 380 луѓе и разбија 32 терористички келии, објавија кинески медиуми.
Кина поведе борба против екстремистите по низа крвави инциденти посебно во Синјџијан, каде што живеат муслимани Ујгури.
Исламските сепаратисти од Синџијан, според кинеските власти, сакаат да воспостават независна држава Источен Туркестан.
Според кинеските медиуми, за 315 приведени почна судењето под обвинение дека се поврзани со тероризам, а најмалку 13 од нив веќе се егзекутирани. Во операцијата против екстремистите загинаа шест полицајци.
Во полициската акција се запленети 264 експлозивни направи, 357 парчиња оружје, 100 компјутери како и книги и ДВД за обука за извршување терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.