| четврток, 6 декември 2018 |

Ден за спектаклот „Види музика – слушни слика – добиј книга“

Mакедонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар, вечер (23 јуни 2014 година, понеделник), во Градскиот парк во Скопје, ќе го реализираат седмиот по ред мултимедијален спектакл „Види музика – слушни слика– добиј книга“. Како и секоја година, мултимедијалниот настан ќе содржи: концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантелеев од Република Бугарија, ќе бидат подарени 20.000 примероци од литературно дело од авторот на „Светот на Софија“, роман за историјата на филозофијата, печатен во 30 милиони примероци, но и на популарните дела од неговото перо како што се: „Божиќна мистерија“, „Ќерката на директорот на циркусот“, „Девојката со портокали“, „Замок во Пиринеите“ и многу други. На ова издание на спектаклот бесплатно ќе биде поделена книгата „Vita Brevis (писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин)“ од норвешкиот писател Јостен Гордер.

И годинава на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се најдат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top