Процесот на замена почна во недела (22. jуни) кај пазарчето Буњаковец, каде што присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Со оваа акција што ја промовираме денеска ќе се заменат постојните метални контејнери што се поставени на градските улици со нови, пластични контејнери. Јавното претпријатие „Комунална хигиена” веќе набави 650 пластични контејнери за мешовит отпад (зелен контејнер со зелен капак) и 50 пластични контејнери за PVC амбалажа и лименки (зелен контејнер со жолт капак) за што потроши околу 7,5 милиони денари. Овие контејнери ќе се поставуваат пред јавните институции и на градските улици и булевари, според претходно изготвен план. Проектот за замена на старите метални контејнери со нови пластични контејнери ќе се реализира во фази. До крајот на 2017 година Градот Скопје планира да ги замени сите стари метални контејнери, вкупно 4,000 на број, со пластични контејнери во кои ќе се одложува отпадот од домаќинствата”, рече Трајановски.
Тој апелираше до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад (шут или кабаст отпад) во нив. Исто така, апелираше отпадот да не го оставаат до контејнерите и правилно да ги користат новите садови за отпад
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)


