САД отсекогаш имале свето правило, а тоа е: не ги оставаме нашите мажи и жени во униформа зад нас, изјави дрско претседателот Барак Обама, неколку дена откако дозволи размена со која го врати наредникот Бо Бергдал дома по пет години минати во заробеништво на талибанците.
Но, дали тоа отсекогаш било пракса во вооружените сили на САД? И зошто вреди да се ризикуваат животи на уште војници, само за да се врати дома еден маж или жена во униформа? Ќе се изненадите кога ќе дознаете зошто не било отсекогаш така.
Концептот на латинската фраза „немо ресидео“ или „не оставајте никого зад вас“ е стара речиси колку и самото војување. Во грчката митологија се портретирани херои кои ги спасувале оние кои биле заробени од непријателите.
Два милениуми подоцна, на почетокот од колонијална Америка, оваа митологија се претопила во легенди, како што е онаа за Нати Бампо на Џемјс Фенимот Купер, и Диерслејер во „Последниот мохиканец“, кој славно спасувал беспомошни од кампот на дивјаците. Речиси еден век подоцна, сликата за коњицата на САД почнала да се појавува на сребрениот екран, а тие јавале за да спасат заробени жени и деца.
Но, со напредокот на механизираното војување и во првите денови на авијацијата, војската се здобила со практична способност да ги заобоколи непријателите или да лета над нив за да вратат опколени соборци или да ослободат воени заробеници.
Денес оваа фраза често се поврзува со елитната единица Ренџери на војската на САД, кои како нивно кредо го имаат стихот: „Никогаш нема да оставам погоден соборец да падне во рацете на непријателот“.
Сличен јазик може да се најде во кредото на војниците: „Никогаш нема да оставам паднат соборец“ – како и кај авијацијата: „Никогаш нема да оставам авијатичар зад мене“. Латинската верзија „немо ресидео“ е мото дури и на Дружиината за враќање и процесирање кај Маринците, тимот кој е надлежен за враќање на остатоците на паднатите членови на војската од бојното поле.
И додека спротивставените медиуми објавуваат скокотливи извештаи за бројни мисии за пребарувања и спасувања во обид да се пронајде Бергдал во Авганистан, едно е јасно: посветена, организирана и обучена воена претрага и сили за спасување е критична за пронаоѓање и спасување на наште загубени војници, летачи, морнари и маринци.
Овие храбри војници кои го повратија Бергдал од неговите талибански заробувачи минатата недела, и му ја вратиле надежта, биле како што се известува, членови на американските Специјални единици. Всушност, кога изгубениот Бергдал се качил во хеликоптерот „Блек хок“, наводно напишал на хартија „СФ?“. „Да!“, по некое време викнал еден од нив пробивајќи ја бучавата од роторите. „Веќе долго време те бараме“.
Но, овој тим е поинаков од назначените сили за борбени потраги и спасување – специјалните трупи, хеликоптери и други средства кои се на готовс – кои дури од неодамна станаа стална реалност во војската на САД. На 23 март 2003, војникот Џесика Линч беше заробена од ирачките сили во Назирија и беше спасена една недела подоцна од ЦСАР тим. Две години подоцна во Афганистан дваесетина оператори во специјални единици на ЦСАР загинаа додека неуспшено го спасуваа тимот на поручникот на Фоките, Мајкл Марфи. Приказната за таа трагедија беше прикажана во неодамнешниот филм „Единствениот преживеан“.
Иако резултатите се различни, и двете акции го дефинираа ризикот и наградата од обидот да се спасат нашите воини кои се држат во заробеништво или кои биле заглавени зад непријателките линии, со корени кои водат во нашиот национален етнос повеќе од еден век.
Што се ЦСАР и како се разликуваат од другите спасувачи тимови?
Тоа е назначен тим што се бори за паднатите авијатичари или исчезнати војници, доволно долго држат притисок за локална доминација за да се спротивстават на непријателскиот оган, за да го извлечат лицето кое е под закана од канџите на софистицарниот непријател. И брзаат да го направат тоа.
Ако тоа не е случајот, тогаш оние кои се против назначените воени групи за спасување се во право; праќањето било кого е практично и достапно. Тоа не е спасување во битка. И обучен тим со хеликоптер би требало да е способен да го изведе тоа.
Мажите и жените кои ќе успеат да влезат во екипите на ЦСАР во војската на САД, доброволно ги даваат своите животи за да ги спасат своите соборци.
Но, во доба на намалени воени буџети, кога две војни веќе завршија и со американска јавност која не сака повеќе војни, не е јасно дали ние како нација сакаме да инвестираме во опрема и обуки потребни да се задржат нашите ЦСАР тимови подготвени. Тажно е што историјата вели дека можеби и не сме.
Историјата на спасување на паднати авијатичари од страна на други авијатичари е старо колку и историјата на воздушните битки. Во Првата светска војна немало воени потрага и спасување, иако во таа војна се роди концептот за воено спасување. Втората светска војна ја почнавме без воени потраги и спасување, имаше неподготвени сили кои се обидуваа да спасуваат во лет – често со катастрофални резултати – и кои потоа ја завршија војната со огромни напори на ЦСАР, само за да ја расформираат единицата во еуфоријата за демобилизација.
Во Корејската војна, имавме силни ЦСАР единици, но дозволивме повторно да атрофираат. Конечно, во Виетнам воспоставивме едни од најсилните ЦСАР сили до денес. За првпат, воените потраги во вид на мисии преживеаја.
Помеѓу крајот на Виетнам во 1973 и операцијата Пустинска бура во 1991, често беше демонстрирана потребата за ЦСАР, но воените ЦСАР единици егзистираа на скромни фондови.
Кога Пустинска бура пукна, вештината за воени спасувања се деградираше до степен кога нашите авијатичари кои влегуваа во битка немаа подршка која очајно им требаше. Од 87 авијатичари кои паднаа во таа војна, 39 преживеаја, но само осум беа спасени. Од 31 останати, за 10 се сметало дека е возожно да се спасат, но не биле спасени. Сепак, најмногу заради кратката војна и малите загуби во споредба со претходните војни, малкумина ги забележале овие слаби резултати.
Порано или подоцна ќе се согласиме дека некој треба да влезе таму за да извлече паднат авијатичар или војник кој се изгубил. И брзаме да го сториме тоа.
Тоа треба да биде обучена, назначена и целосно финансирана воена потрага и средства за спасување кои таму први ќе пристигнат.
Секој маж или жена кои се борат за Америка го заслужуваат тоа. Никогаш нема да ги оставиме зад нас.
(Си-ен-ен)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.