| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче повредено во сообраќајка во Тетово

soobrakjajkakicevo

Петгодишно девојче од Тетово се здобило со фрактура на потколеницата и други повреди, откако денеска врз неа налетал голф со тетовски регистарски таблички, што го управувал Б.К.(45) од тетовска Мала Речица.

– Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во близина на Шарената Џамија во Тетово, околу 14 часот и 10 минути, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тешко повреденото девојче веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош било префрлено на клиниките во Скопје.

По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово извршила увид и работи на расчистување на причините за оваа сообраќајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top