| четврток, 6 декември 2018 |

Данска најскапа, Бугарија најевтина во 2013-та во ЕУ

буг

Најскапа земја во Европската унија во 2013 година, мерено со вкупното ниво на потрошувачки цени, била Данска а најевтина Бугарија, покажува истражувањето на европското статистичко биро Eurostat презентиран во петокот.

Во Данска, така, минатата година потрошувачките цени во целина биле 40 отсто над просекот во Европската унија, што значи дека била најскапата земја во Унија. На второ место е Шведска со вкупно ниво на цените од 30 отсто над европскиот просек, додека третото место во ова рангирање го делат Луксембург и Финска со 23 отсто повисоки цени од просекот во ЕУ.

Ирска, Велика Британија и Холандија ја сочинуваат групата земји каде што нивото на цените во 2013 година се движела во границите од 10 до 20 отсто над европскиот просек.

До 10 отсто повисоки цени отколку просечните во Европската унија, забележале Белгија, Франција, Австрија, Италија и Германија, додека Шпанија од важните земји членки имала цени за 5 отсто пониски отколку во ЕУ.

Цените во распонот меѓу 10 и 20 отсто на цените под европскиот просек се регистрирани во Грција, Кипар, Португалија, Словенија, Естонија и Малта.

Забележително пониски цени од европскиот просек, од 30 до 35 отсто, минатата година забележале Чешка, Латвија, Словачка и Литванија, а во истата група е и најмладата земја членка на Европската унија – Хрватска каде што вкупното ниво на цените во 2013 година бил за точно 32 отсто под просекот во Унијата.

Групата земји со најниско ниво на цените, од 40 и повеќе проценти под европскиот просек, ја сочинуваат Унгарија, Полска, Романија и Бугарија каде што минатата година тие биле точно 52 отсто под просекот во ЕУ.

Данска минатата година, исто така, била најскапата земја во Европската унија и во категоријата храна и безалкохолни пијалаци, со цени од 40 отсто над просекот во ЕУ, а Полска, пак, била најевтината во оваа сфера, со цените за храната и безалкохолните пијалаци за 38 отсто пониски цени од европскиот просек.

Во категоријата алкохолни пијалаци и тутунски производи, највисоко ниво на цените од 78 отсто над европскиот просек во 2013 година се истакнува Ирска, додека најниско ниво на цените во ЕУ во оваа категорија имала Бугарија со 41 отсто под европскиот просек.

Облеката во 2013 година во Европската унија била најскапа во Шведска каде цените биле 30 отсто над просекот, а најниски, пак, биле во Унгарија со 25 отсто под европскиот просек.

Потрошувачката електроника лани била најскапа во Данска, Кипар и Малта каде нејзините цени биле 13 отсто на европскиот просек, додека најевтина била во Полска, каде нејзините цени биле за 14 проценти пониски од просекот во Европската унија.

Во категоријата на опрема за личен транспорт цените повторно биле највисоки во Данска, каде што биле 55 отсто над оние во ЕУ, а најниски биле во Чешка со 19 отсто под просекот.

Данска во 2013 година предничела и со нивото на цените во рестораните и хотелите со 49 отсто над европскиот просек. Во оваа категорија Бугарија повторно е најевтина во Европската унија со цените во хотелите и рестораните кои за 53 отсто се пониски од просечните во оваа услужна дејност во Европската унија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top