На САД нема да им биде потребна дозвола од Советот за безбедност на ОН за воена интервенција во Ирак, доколку дејствуваат по барање на ирачката Влада, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
– САД ќе треба да одлучат дали да интервенираат во конфликтот со копнена војска или со други воени средства и дали ќе ги координираат ваквите активности со водечката сила во регионот – Иран, истакна Бан во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цурихер Цајтунг“.
Генералниот секретар на ОН ја поздрави средбата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики со сунитските лидери во Ирак, додавајќи дека на Малики ќе му биде потребна помош од регионалните сили за да ја намали тензијата во земјата.
Бан ја оцени ситуацијата во Ирак како „премногу сериозна криза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



