Визуелните новитети се мошне дискретни, но, сепак, е лесно забележлива новата маски на предниот дел од автомобилот, која има остри агли и хромирани делови. Додатоците на предната решетка и на браникот се изработени од карбонски влакна обложени со алуминиум. Предниот браник има нови отвори за влез на воздухот, а новост се и новите бои на каросеријата кои се достапни во четири варијанти.
Дневните ЛЕД се искористени од веќе редизајнираните модели, со мала измена на рамката, која е со темна боја.
Инструментите во внатрешноста добија нов облик, како и отворите за вентилација и рачката на менувачот. Новиот мултимедијален систем е подобрен и модернизиран, а работи на допир и со гласовна команда.
Погонот на ова „чудовиште“ го сочинува 4-литарски мотор со две турбини, кој произведува 560 коњски сили и има вртежен момент од 700 њутн-метри. Овој мотор овозможува „ауди РС7“ да забрза до 100 километри на час за 3,9 секунди и да постигне максимална брзина од 305 километри на час со новиот пакет „Дајнамик“.
Силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепениот менувач „типтроник“ и преку погонот „кватро“. Покрај овие перформанси, „RS7“ може да се пофали и со малата потрошувачка, која, во просек, изнесува 9,5 литри на 100 километри, додека емисијата на штетни гасови e 221 грам на еден километар.
Новиот „ауди РС7“ ќе се испорачува со 20-инчни алуминиумски бандажи, но со порачка може да се добијат и 21-инчни во три различни бои и завршна обработка. Во опција за порачка се посилните сопирачки, кои се изработени од композитна керамика.
Продажбата на овој модел треба да почне во втората половина на 2014 година, по цена од 115.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст