| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен притворот на осомничениот за убиството на Ангел

горце

Продолжен е притворот на 19-годишнот Насер Е. од село Грчец, осомничен дека го убил 18-годишниот Ангел Петковски, кој беше усмртен со нож на 19 мај во скопската населба Ѓорче Петров, кај Очната болница. Од Основното јавно обвинтелство потврдуваат дека на осомничениот му е продолжен притворот за уште 30 дена, затоа што сè уште траат истражните активности за околностите на убиството.

Против Насер Е. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство. Ангел беше убиен на патеката покрај течението на реката Вардар пред пешачкиот мост помеѓу Ѓорче Петров и Сарај. На убиството му претходело расправија и физичка пресметка поради обидот на осомничениот да го украде велосипедот на Ангел од дворот на семејната куќа. По расправијата, осомничениот го прободел Ангел во градите по што се вдал во бегство.

Неколку часа по убиството граѓани од населбата излегоа на улиците на протест. Протестите продолжија и наредните денови, а во неколку наврати гневот на граѓаните излезе од контрола така што беа опожарени и демолирани дуќани во Ѓорче Петров во сопственост на муслимани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top