| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер неподвижен до крајот на животот?!

sumaher-500

Британскиот „Мирор“ ги пренесе прогнозите на неврологот Ерик Рајдер, кој вели дека Михаел Шумахер ќе остане неподвижен до крајот на животот.

Шумахер оваа недела, конечно, се разбуди од кома и сега се наоѓа на рехабилитациската клиника во Лозана.

Прогнозите на неврологот Ерик Рајдер се дека седумкратниот шампион во Формула 1 до крајот на животот ќе остане неподвижен.

– Ќе биде инвалид до крајот на животот и секогаш ќе зависи од помошта на другите. Позитивна порака е дека тој се разбудил од кома, во која беше повеќе од половина година. За него тоа е добро, но и за неговото семејство – вели Рајдер.

Шумахер беше во вештачка кома од 29 декември по тешкиот пад за време на скијање на француските Алпи. Поранешниот возач на Ферари и Мерцедес по несреќата беше опериран двапати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top