Од денеска, 20 јуни, во книжарницата „Или-или”, па до 3 септември ќе траат традиционалните „Летни приказни со Или-или”, во чиишто рамки домашната читателска публика ќе има можност да купи книги по фантастично ниски, саемски цени соопштија од оваа издавачка куќа.
Во рамките на „Летните приказни“ ќе се одржат и промоции на неколку нови преводи, како „Бугати се појавува“ на германската писателка Деа Лоер, „Посетата на дворскиот лекар“ на Швеѓанецот Пер Олов Енквист, „Колекционер на љубовни приказни“ на Александар Секулов, како и претставување на неколку нови книги од домашни автори, како „Слики со животна уверливост“ на Снежана Младеновска Анѓелков и „Атена со пенис“ на Александар Русјаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
„Битлси“ во „Или-или“
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет