| четврток, 6 декември 2018 |

Му скокна цената, Суарез заминува во Барселона за 85 милиони евра

Луис Суарез ќе биде новото засилување на Барселона, а Каталонците, според шпанските медиуми, се подготвени да ја платат отштетата од 85 милиони евра.

Суарез вчера само си ја зголеми цената со двата прекрасни погодоци за Уругвај против Англија, во победата на Јужноамериканците од 2-1. Тој го продолжи договорот со Ливерпул до 2018 година, а предвремен трансфер од „Енфилд роуд“ ќе го чини новиот клуб огромна сума пари. Отштетната клаузула е 85 милиони евра, а новинарите на „Мундо депротиво“ тврдат дека преговорите со Барселона се во завршна фаза и дека Суарез ќе биде летната трансфер-бомба на Каталонците. И Реал Мадрид е во трка, но „кралскиот клуб“ сака договор со Ливерпул и нуди околу 60-65 милиони евра за ангажман на Уругваецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top