Британските научници велат дека го имаат одговорот за ваквата ситуација. Тие успеале да предвидат колку ќе биде успешен обидот за откажување од пушење кај поединци, врз основа на нивните мозочни активности.
Тие откриле дека оние кои покажуваат најслаби реакции на награди, имаат најмали шанси успешно да се откажат од пушење.
„Веруваме дека нашите откритија може да објаснат зошто на некои пушачи им е толку тешко да ги остават цигарите”, вели доктор Стивен Вилсон, доцент по психологија на Penn State University во Пенсилванија, САД.
Тој додава дека потенцијалната корист од прекинувањето со пушење како заштеда на пари или подобро здравје, на некои луѓе едноставно воопшто не им е важна.
Истражувачите регрутирале 44 пушачи за да ги испитаат мозочните реакции на понудените награди. Им биле понудени пари за секоја неиспушена цигара.
Им било наложено да не пушат барем 12 часа пред експериментот, а учесниците потоа поминувале време под магнетна резонанца додека играле игра со погодување на карти со можност за заработка.
На учесниците им било кажано дека мора да чекаат два часа до крајот на експериментот, за да може да испушат цигара. Меѓутоа, во текот на играта со погодување карти, на половина им било речено дека дошло до некаква грешка и дека може да излезат на пауза од 50 минути. Ако не испушат ниту една цигара, ќе може да заработат по еден долар за секои пет минути, односно вкупно 10 долари.
Доктор Вилсон и неговите колеги откриле дека пушачите кои запалиле цигара, покажувале послаби реакции на награди во центрите за мозок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


