Европската комисија зазеде остар став за прекуграничните инфраструктурни проекти во кои учествува Русија. Мислам, при тоа, на гасоводите ОПАЛ, Јужен тек, Јамал – Европа, кои би требало да ја подобрат стабилноста и сигурноста во испораката на ресурси во европските земји. И денес гледаме дека врз некои од партнерите во проектот „Јужен тек“ се врши притисок и од нив се бара да не учествуваат во реализацијата на проектот. Без оглед на тоа што партнерството е засновано врз постојното и важечко меѓународно право, истакнал Новак.
Тој навел дека, конкретно, Бугарија се соочила со закана дека доколку продолжи со проектот, нема да може да ги користи средствата од европските фондови.
При тоа, како што истакнува рускиот министер за енергетика, не се понудени никакви конструктивни решенија, пренесуваат руските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.