| четврток, 6 декември 2018 |

Колку си имала пред мене – една четвртина од жените даваат лажен одговор

maz i zena zboruvaat

И мажите и жените лажат за бројот на партнери, но тоа го прават од различни причини. Одамна помина времето кога од жените се очекувало во брак да влезат како девици, но на младите жени и денес им е срам кога треба да зборуваат за бројот на сексуалните партнери, па често лажат за бројот на сексуални партнери.

Судејќи според истражувањето на „The Taba“, дури една четвртина од жените лажат за бројот на сексуалниоте партнери.

Најчесто тоа го прават за да испаднат помалку промискуитетни, а околу 5% од испитаниците велат дека едноставно не можат да го откријат вистинскиот број бидејќи им е срам, иако тој број реално не е голем.

Кај мажите ситуацијата е сосема поинаква. Повеќето од нив лажат за бројот на партнерки, но од сосема спротивни причини – тие го зголемуваат бројот на партнерки за да се претстават како поуспешни љубовници.

Во интересното истражување учествувале околу 13.000 испитаници, а забележано е дека во последните години се зголемил бројот на партнери и кај мажите и кај жените, што е резултат на послободното сексуално однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top