| четврток, 6 декември 2018 |

Три едноставни рецепти за вита става

Водата не е само обична напивка со која ја гасиме жедта, таа е воедно и најдобар прочистувач на организмот и чувар на витата става. Две чаши вода пред јадење го забрзуваат топењето на килограмите, без дополнителни промени во начинот на исхраната, тврдат германски стручњаци.

Поголема количина испиена вода во текот на денот го намалува чувството на глад, а со тоа и внесувањето калории. Во исто време, се зголемува потрошувачката на енергија во организмот и се забрзува топењето на масни наслаги, тврдат научници од Универзитетскиот медицински центар во Берлин.

За да се поттикне елиминирањето на штетните материи од организмот, пожелно е во водата да се додадат парчиња краставица, агруми или боровинки затоа што тие производи го забрзуваат метаболизмот.

Како да направите природен диуретик?

1. Во бокал вода ставете пет до шест тркалца исечена краставица и оставете  да отстои барем два часа. Потоа можете полека да го пиете овој вкусен напиток богат со калиум и витамини А и Ц. Веќе по неколку дена ќе ги забележите и првите резултати.

2. Во секоја чаша вода која ја пиете во текот на денот, додајте неколку тенки кришки портокал, почекајте неколку минути, па испијте ја водата. Витаминот Ц го забрзува согорувањето на мастите поради што побрзо ќе го загубите вишокот килограми и ќе ја обновите енергијата.

3. Во еден литар вода уфрлете една рака сечкани јагоди и боровинки и додадете половина лажичка бибер. Овој слатко-лут напиток ќе го поттикне побрзото топење на масни наслаги затоа што капсаицинот од црниот пипер го забрзува метаболизмот и истовремено создава чувство на ситост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top