| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ ќе пее на „Пиво-фест“ во Прилеп годинава

По дванаесетти пат Прилеп ќе ги собере љубителите на пивото и скарата на еден од најголемите пивски фестивали на Балканот.

Ако лани главна атракција беше романската пејачка Ина, хрватското дуо „Ту челос“, Данијела Мартиновиќ и Горан Бреговиќ, годинава на „Пиво-фест“ ќе настапуваат Ана Николиќ, Јелена Розга, Даниел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, „Хладно пиво“, Владо Јаневски, Емина Јаховиќ Сандал, Игор Џамбазов и уште многу други познати македонски и балкански музички ѕвезди.

Оваа година „Пиво-фест” ќе се одржува од 17 до 20 јули, како и секоја година досега, на Градскиот плоштад во Прилеп „Марко Цепенков“ пред Комерцијална банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top