Бразилките се прогласени за најсексапилни жени во светот, според изборот на списанието „Латин тајмс“, додека меѓу мажите лидери се Австралијците.
Од припадничките на понежниот пол од балканскиот регион меѓу првите десет се најдоа само Бугарките.
Анкетата, спроведена по нарачка на веб-сајтот „Мис травел“, покажува дека во топ 10 по Бразилките следуваат Русинките, а по нив Колумбијките, Британките, Филипинките, Шпанките, Австријките, Бугарките, Јужноафриканките и Канаѓанките.
На листата на најсексапилни мажи, пак, по Австралијците следуваат Италијанците, Бритнаците, Шкотланѓаните и Шпанците.
Листата топ 10 кај мажите ја надополнуваат Американците, Ирците, Бразилците, Канаѓаните и Холанѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


