Чешката национална авионска компанија (ЧСА) минатата година при остварен приход од 13,3 милијарди круни (493 милиони евра) забележала загуба од 34 милиони евра, објави чешкиот весник „Млада фронта днес”.
Тоа е најлош резултат од 2009 година на авиокомпанијата, која во последниве години успеа да преживее единствено поради продажбата на сопствениот имот, јави дописникот на МИА од Прага.
– Резултатите ја одразуваат долгорочната негативна ситуација во воздушниот сообраќај во Европа – изјави портпаролот на ЧСА, Дан Шабик.
Минатата година 44 проценти од ЧСА откупи „Кореја ерлајнс“, а подоцна удел купи и „Травел сервис”.
По одобрување на трансакцијата од страна на Канцеларијата за заштита на стопанската конкуренција овие компании ќе имаат мнозинство во чешката компанија, но влијанието на финансиските резултати ќе се покаже дури в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст