| четврток, 6 декември 2018 |

Нова генерација мажи – спорносексуалци

Тие се убави, згодни и негувани, тие се втора генерација на метросексуалци! 

Пред 20 години британскиот писател Марк Симпсон пишуваше за метросексуалците. Сега се појави нов термин што го опишува мажот што исто така води грижа за својот изглед, но тој не е исто што и метросексуалец.

seksi

Најдобра илустрација за метросексуалците е Дејвид Бекам. Потекнува од работничка класа, стана глобално популарен пред се како модел на разни брендови за долна облека, нега на коса и на кожа, отколку како фудбалер.

seksi

На оние што и понатаму не сфаќаат што се случува со мажите, треба да им се објасни дека метросекуалците не се „геј-куклички“ што цел ден се дотеруваат. Тие се и понатаму „вистински“ мажи, само за разлика од некои свои претци, тие повеќе водат сметка за естетиката.

Тоа е исто како и со жените. Како што тие, во текот на својата еволуција прават нешто поинаку, излегуваат од застоените женски рамки, работат машки работи, се образуваат, патуваат… а и понатаму остануваат дами, така и мажите останале мажи, само малку повеќе се грижат за својот изглед.

Но втората генерација на метросексуалци отиде малку подалеку и за нив адекватен е новиот термин – спорносексуалци. Тие помалку се грижат за гардеробата, но повеќе за своето тело, но и за здравјето воопшто. 

seksi

Спорносексуалците внимаваат што јадат не само за да бидат убави туку и да бидат здрави. Тие креваат тегови и остануваат „мажи“. 

Бекам и Кристијано Роналдо не им се пример, а костумите на „Армани“ не им се доволни. Тие се секси, повеќе од нивните претходници. 

Извор: mondo.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top