| четврток, 6 декември 2018 |

Оргазам на поинаков начин

seks

Вагиналниот оргазам им овозможува огромно задоволство на жените, но тој не е единствениот извор на задоволство. Стимулацијата на клиторисот и на брадавиците може да им приреди вистинско уживање. 

1) Сите чуда на клиторисот

Стимулирање на клиторисот е сигурен пат до оргазам. Најдобар начин да ги искористите неговите предности е пред се вие самите да знаете какви допири сакате. Не срамете се и на партнерот да му откриете „мали трикови“ бидејќи другата страна најчесто има погрешна претстава за тоа како треба да се стимулира овој дел. Стручњаците велат дека допирањето на коренот на клиторисот доведува до најголемо задоволство.

2) Не заборавајте на бакнежите

Луѓето што се во долга врска често забораваат колку се важни бакнежите. Стручњаците предлагаат бакнежите да се одвиваат без допири или секс.

3) Користете разни масла

Употребата на разни масла во целост ќе го смени вашето сексуално искуство. Искористете ги за разни масажи, на тој начин ќе почувствувате поголема поврзаност со партнерот.

4) Забавете

Се поголем број мажи согледуваат дека „брзиот“ секс не ги задоволува во целост жените. Чекор по чекор, дел по дел од телото и двајцата максимално ќе уживате. Со одложување на оргазмот ќе стасате до огромно уживање.

5) Очи в очи

Не заборавајте на очите на партнерот. Кога ќе дојдете со блиска средба, ќе доживеете големо возбудување и ќе почувствувате дека се врзани за партнерот повеќе од кога било.

6) Орално задоволство

Оралниот секс повеќе не е табу тема. Жените откриваат најразлични видови, па можат да изберат она што најмногу им одговара и со кој можат најлесно да се изборат.

Истражувањата покажуваат дека оралниот секс може да ги реши проблемите со ерекција кај мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top