| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе скопски населби утре без струја

Утре без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе останат корисниците во село Грчец од улиците 1, 2, 3 и 4 и селото Батинци. Од 8 и 30 до 11 и 30 часот, корисиниците во населбата Лисиче, улиците „Мите Богоевски“, „12-та Ударна бригада“, „Водоча“, „Михаил Глинка“ и дел од улицата „Гаврил Константиновиќ“.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 9 до 11 ќе останат и корисниците од улицата „Чедомир Кантарџиев“ од Центар, а од9 до 15 часот улиците „Димче Мечето“ , улица „Волт Дизни“ од Шуто Оризари и населбата Момин Поток како и објектите кај Погон Поток. Без струја од 9 и 30 до 11 и 30 ќе биде и дел
селото Долно Лисиче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top