Малија Обама, постарата ќерка на претседателот на САД, почнала да работи како асистентка на продуцентот на сетот на новата серија на „Си-Би-Ес“.
Барак (52) и Мишел Обама (50) се горди на првата работа на нивната 15-годишна ќерка, која на почетокот на годинава изразила желба за работа во филмската индустрија. Малија работи на снимањето на новата серија „Преживеан“, каде што главната улога ја има оскаровката Хали Бери, а покрај неа игра и хрватскиот актер Горан Вишниќ, а продуцент е Стивен Спилберг. Постарата ќерка на Обама првиот ден на работа помагала во купување опрема за компјутери, а минатиот викенд ја посетиле родителите, како и нејзината помлада сестра Саша (13).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



