| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот нека не ве мачи – прогноза за на море

brazil plaza 6

Конечно му се гледа крајот на врнежливото и релативно свежо време. Со почетокот на викендот ќе започне и трендот на затоплување, но и на подобрување на метеоролошките услови. Сепак, и во сабота ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Од недела па се до половината на наредната недела ќе преовладува стабилното и потопло време. Според Метеопро температурниот максимум ќе биде во пораст, иако нема да можеме да кажеме дека ќе настапи жешко време. Од послените прогнози, постепен пораст на температурата на воздухот ќе има се до среда, 25 јуни, а потоа се очекува мал пад на температурата, но краткотраен. Со овој пораст на температурата, максималната во првата половина од новата недела ќе има вредност околу 30°С, а во југоисточниот предел околу 33°С.

Оние кои што планираат патувања и летен одмор во последните 10 дена од јуни нема да имаат проблеми со времето. Подрачјето на Балкаскиот полуостров ќе има релативно добри метео услови и топло време, особено на југозападното и јужното крајбрежје.

Засега се најавува и релативно топол почеток на месец јули, но со оглед на фактот дека уште 12 дена ни претстојат до јули, прогнозите со таква временска дистанца треба да се следат со голема резерва.

Извор: МЕТЕОПРО

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top