За денеска е најавено пристигнување на некогаш најдобриот светски фудбалер Диего Армандо Марадона во Неапол каде што вечерва ќе биде гостин во телевизиско шоу, а утре треба да одржи прес конференција. Аргентинскиот ас долги години во широк лак го заобиколува Апенинскиот полуостров поради тужбата за неплаќање даноци кои, според италијанското обвинителство, досега натежнале до цели 40 милиони евра.
Марадона пред патувањето во градот во кој мина 7 години (1984-1991) и освои две скудета со Наполи рече дека нема за што да се грижи и дека неговите адвокати се сигурни дека нема основа за апсење. Од друга страна од ресорното министерство потсетија дека обврската постои, дека сумата не е ревидирана и дека е јасна постапката во вакви ситуации.
Во неколку наврати во минатите години Марадона бараше од италијанските политичари да му помогнат и да го прекинат прогонот бидејќи тој никогаш не затаил данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


