Секс со истиот партнер може по некое време да стане здодевен, но не треба да го прифатите тоа и да оставите така. За да ја одржите магијата в кревет и да ја зачувате страста, направете нешто неконвенционално како овие работи.
1) Играјте си со брадавиците
Мажите не сакаат да признаат, но нивните брадавици се еднакво осетливи како и женските. Нежно штипкајте ги, поминувајте со прстите преку нив додека се зацврстат. Дури и ако не ви признае, ќе му се допадне ова.
2) Сменете ја рутината
Прескокнете ги позите во кои сте биле веќе стотина пати. Додека сте во мисионерска поза, изненадно замолете го да стане за да ја смените позата. Вашата желба за екпериментирање многу ќе го возбуди.
3) Половината е црвена зона
Кај мажите пределот околу половината е многу осетлив. Тој нека легне на стомак, а вие со јазикот тргнете од вратот се до тртната коска. Како што се спуштате, се повеќе исправувајте се, па исчекувањето ќе го излуди.
4) Фатете го за задникот
Додека водите љубов фатете го за задникот. На задникот на мажот ретко му се посветува внимание, па ќе му се допадне ова ново чувство.
5) Бидете смели
Мажите можат да бидат збунети в кревет од време на време. Затоа насочете го кога ќе дојде до тоа. Кажете му: „Фати ме за колковите“ или „Бакнувај ми го вратот“. Ако не го направи она што му го барате, секогаш можете да најдете начин да го „казните“ (само внимавајте да не претерате).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.