| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 160 насатани на годинешниов „Топол културен бран“

Концерти на групите Монистра, Љубојна, Чалгија саунд систем, концерти на џез и сериозна музика со гости од целиот регион, настапи на сите театри од Македонија, стенд –ап изведби на актерите Сашко Коцев, Весна Петрушевска, Марјан Ѓоргиевски, ревија на македонски филмови и многу други содржини граѓаните ширум цела Македонија ќе имаат можност да ги проследат ова лето.

Се со цел да се се одговори на потребата и барањата на граѓаните да се збогати културната понуда во сите градови низ републиката, Министерството за култура заедно со локалната самоуправа и институциите од областа на културата традиционално по седми пат ја организираа манифестацијата Топол културен бран.

Програмата на Топлиот културен бран ќе се реализира во два циклуса и тоа во период од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.

-Оваа  година македонските граѓани и гостите од регионот ќе може да проследат повеќе од 160 настани кои верувам дека ќе го збогатат културното живеење во сите општини во нашата држава, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска.

Министерката посочи дека почнувајќи од 2008 година кога за прв пат беше воведена манифестацијата Топол културен бран па се до денеска, граѓаните на Македонија имаа можност да присуствуваат на повеќе од 600 културни настани кои предизвикаа огромен интерес и масовна посетеност од страна на публиката  во речиси сите градови..

-Топлиот културен бран несомнено ја постигна својата цел, дисперзирањето на културните содржини создаде еден силен културен импулс кој ги допре и областите на неформалната едукација и презентацијата на културните вредности кои ги поседуваме како држава. Со изминатите изданија ја анимиравме публиката, го збогативме културното живеење на граѓаните, ги мотивиравме да ја уживаат културата и да ја подигнат својата свест за неа, потенцираше Канческа- Милеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top