| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац уапсена на Ибица

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац во моментов е на Ибица за да сними кадри за спотот на нејзината нова песна по што била уапсена од страна на тамошните власти бидејќи снимала на недозволени подрачја – пишува српски „Ало“. Имено, таа и покрај забраната долучила да снима на локациите за кои не добила дозвола за снимање, па полицијата веднаш интервенирала и ја задржала во полициската станица а откако дала изјава, Наташа била пуштена на слобода.

– Таа ја добила дозволата да снима спот на поедини локации, но ѝ се допаднал еден дел на Ибица, за кој немала дозвола и инсистираше таму да сними некои од снимките. Само што снимањето на кадровите на недозволените локации беше при крај, полицијата не опколи и не приведе – раскажува близок извор кој се нашол на самото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top