| четврток, 6 декември 2018 |

Затегнете го задникот додека миете заби

zabi

Ги миете забите барем двапати дневно, ако не и повеќе. Зошто тоа време да не го искористите максимално? Наместо само да стоите, испробајте ги овие брзи, двеминутни вежби за задникот и за листовите. Иако се работи за четири видови положби, интензивното вежбање може да биде многу ефикасно. За секоја положба одвојте по 30 секунди.

Клекнувања како сумо-борач 

Раширете ги нозете така што прстите да ви бидат свртени кон надворешната страна. Свиткајте ги колената и спуштајте ги колковите додека бутовите не ви бидат паралелни со подот. Вашите петици нека ви бидат потпирач.

Подигнете се. Нозете треба да ви бидат сосема исправени за да извлечете максимум од овие вежби. Направете што повеќе клекнувања во 30 секунди.

zabi1

Обратен исчекор 

Застанете со стапалата споени едно до друго. Направете чекор наназад со левата нога. Спуштајте се со колковите сè додека бутот од десната нога не биде паралелен со подот.

Држете го левото колено под агол од 90 степени. Петицата од левата нога треба да биде подигната. Вратете се во првобитната положба и повторете ја вежбата со десната нога. Правете ги овие исчекори 30 секунди.

Клекнувања во комбинација со подигнување на нозете 

Раширете ги нозете така што стапалата ќе ви бидат рамни со стапалата. Свиткајте ги нозете во колениците за бутовите да ви бидат паралелни со подот. Петиците повторно нека ви бидат потпирач. Подигнете се и исправете ги нозете. Подигнете ја десната нога на страна.

Повторете ја оваа вежба така што сега левата нога ќе ја подигнете на страна наместо десната. Направете што повеќе од овие клекнувања во 30 секунди.

zabi2

Зафрлете ја ногата на назад 

Застанете и спојте ги стапалата. Потпрете се на левата нога, а десната зафрлете ја на назад. Држете ја во таа положба 15 секунди, а потоа повторете ја вежбата со левата нога зафрлена на назад.

Автор: Life Content

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top