Македонскиот трансексуалец и пејач Филип Јаневски – Фифи, во отворен разговор за „Свет“ открива дека конечно се чувствува прифатен од страна на неговите родители.
– Свесна сум дека во секоја приказна за мене постои фама и лага. Се трудам да не ме оптоваруваат фактите зашто секој си дава за право да донесува заклучоци какви што сака. Едноставно општеството ми налагаше да се однесувам како машко само затоа што имам машки полов орган. Јас длабоко во себе знаев дека сум женско, затоа ми беше тешко што не можев да ѝ објаснам на мајка ми дека ова што ми се случува не е минлива фаза. Моите родители не можеа да сфатат дека грешката не е во нивното воспитување. Транссродните личности така се раѓаат тоа е игра на хормони – тврди Фифи.
Фифи вели дека неговото семејство поминало низ многу болни периоди.
– Јас никогаш не криев дека имав проблем со татко ми, па затоа си отидов од дома. Јас и моето семејство поминавме низ многу тешки и болни ситуации, а сето тоа е резултат на ова нашето конзервативното општество. Но, среќна сум што татко ми најпосле ме сфати. Со брат ми кој е помал четири години и сестра ми која е помала 10 години имаме супер однос. Карактерно поблизок сум со сестра ми бидејќи машките имаат поинакви интереси – се смее Фифи.
Целиот текст е објавен во печатеното издание на „Свет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.